МакедонијаНајново

23-годишна девојка од Македонија пронајдена почината во стан во Солун

23-годишна девојка од Македонија е пронајдена почината во стан во населбата Неаполи во Солун, пренесуваат грчките медиуми.

Според нивните информации, родителите извесен период не успеале да стапат во контакт со неа, по што побарале помош од близок роднина кој се упатил кон станот каде што престојувала. При влегувањето ја затекнал без знаци на живот, по што веднаш биле повикани надлежните служби.

По извршениот првичен увид на телото, засега нема индиции што би укажувале дека станува збор за кривично дело, наведуваат грчките медиуми.

Според неофицијални информации, починатата била студентка од Прилеп.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons