20 мигранти откриени во товарно возило кај Стар Дојран
Српски државјанин се обидел преку граничниот премин Стар Дојран да прокриумчари 20 мигранти. Тие се откриени за време на контрола што била спроведена од страна на полицајци од регионалниот центар Југ во содејство со царински службеници. Мигрантите, сите од Сирија биле сместени во товарно возило Даф со приколка со српски национални ознаки кое го управувал 47 годишниот србин. Возачот е задржан во полициска станица, а мигрантите спроведени во прифатно транзитниот центар за понатамошна постапка. За настанот бил запознаен и јавен обвинител и по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Како резултат на зајакната и оперативната активност на регионалниот центар Југ во последниот период бројот на откриени сторители на кривични дела бележи континуирано зголемување. Последниот случај е прв во февруари и деветти од почетокот на годината. Лани во јануари биле откриени 7 такви случаи, а за истиот месец во 2021 нивниот број бил двој помал.
Вкупната статистика од минатата година покажува дека зголемување има и во делот на обидите за криумчарење мигранти. Лани се откриени вкупно 100 случаи во кои имало обид да бидат прокриумчарени над 1400 мигранти што е зголемување за 66 % во делот на откриените случаи и над 98% во однос на мигрантите.