15-годишник избоде врсник во училиште во Скопје, ученикот итно пренесен на операција
15-годишник е лишен од слобода откако со остар предмет избодел врсник во основно училиште во училиштето „25 Мај“ во скопската населба Ченто во Гази Баба. „На 11.05.2026 во 14:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба“, информира полицијата.
Пријавениот влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на 15-годишен ученик во училиштето.
„Предметот е одземен и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, соопштија од МВР.
Повреденото дете е пренесено во болница, каде му е извршен оперативен зафат



