Актуелно

11 возачи приведени за безобѕирно возење: без дозвола, под алкохол и со сериозни прекршоци

Министерството за внатрешни работи информира дека во изминатото деноноќие на територија на државата се лишени од слобода вкупно 11 возачи поради безобѕирно управување со возило.

Од нив, седуммина управувале без возачка дозвола – четворица во Скопје, двајца во Тетово и еден во кумановско. Еден возач во Дебар управувал возило и покрај активна забрана, додека во Битола еден возач бил затекнат како вози под дејство на алкохол.

Дополнително, во Градско едно лице управувало со брзина поголема од дозволената, а во Кочани евидентиран е случај на возење во спротивна насока.

По целосно документирање на настаните, против сите сторители ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да не управуваат возило без возачка дозвола, под дејство на алкохол или со изречена забрана, со цел заеднички да се придонесе кон побезбеден сообраќај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons