1.200 ученици го формираа македонското знаме – Одличен перформанс во еден македонски град
1.200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме во пресрет на утрешниот празник!
![](https://skopjeinfo.mk/sites/default/files/styles/large/public/article/images/2023/oktomvri/image-195199.jpg?itok=CSswFR3q)
-После 5 години ја возобновуваме оваа прекрасна традиција на формирање на македонското знаме во центарот на градот, со што родолжуваме со многубројните активности и богатата програма по повод 11 Октомври! Перформанс во кој што учествуваа околу 1200 ученици од сите основни и средни училишта од општина Прилеп, информираше градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески.
![](https://skopjeinfo.mk/sites/default/files/styles/large/public/article/images/2023/oktomvri/image-195198.jpg?itok=4nr8RU0P)
– Овој чин нас не прави горди и говори за љубовта кон татковината и почитта кон нејзините историски вредности, кои се втемелени во сите сегменти од нашиот град и држава, за слобода и демократија на македонскиот народ, како и за создавањето и градењето на почит кон татковината од најмлада возраст, како клучен фактор за развивање на чуството кај младите луѓе да си ја сакаат, почитуваат, штитат и чуваат татковина, и да ги почитуваат сите нејзини национални белези и симболи, додаде тој споделувајќи фотографии од преубавиот перформанс.