Спорт

Џенаро Гатузо е нов селектор на Италија 

Џенаро Гатузо и официјално е именуван за нов селектор на италијанската фудбалска репрезентација, тој ќе брка пласман на Светското првенство и ќе ја води селекцијата на Мундијалот доколку се пласираат таму.

Од денеска Гатузо е нов селектор на Италија, а официјалната презентација е закажана за во четврток, 19 јуни.

„Гатузо е симбол на италијанскиот фудбал. Синиот дрес е како втора негова кожа. Неговата мотивација, неговиот професионализам и искуство ќе бидат фундаментални за да се соочи со следниот предизвик на националниот тим“, вели претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина.

„Свесни за значењето на целта која сакаме да ја оствариме, сакам да му заблагодарам за неговата достапност и комплетна посветеност со која го прифати овој предизвик“.

Гатузо на клупата на Италија ќе дебитира во септемви, на 5 играат против Естонија, а три дена подоцна ќе се сретнат со Израел.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons