ЌЕ СЕ РАЗЛАДИМЕ ЛИ МАЛКУ КОНЕЧНО – во следните денови температурите ќе бидат во постепено опаѓање, но не за долго

Во следниот период температурите ќе бележат тенденција на постепено опаѓање. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, пишува сајтот Метеоаларм.

Во попадневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.

Температурите во следните денови ќе бележат тенденција на постепено опаѓање и од среда па натаму истите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.

Ув – индексот ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент 8.

И во Скоспкиот регион во следниот период ќе има услови за попладневна локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons