Ќе има ли парно од 15 ноември, Министерството за животна средина не дозволува дизел гориво за топланите 

Додека се трошат последните количини обезбеден гас за топланите, Министерството за животна средина најавува дека нема да издаде дозвола за користење дизел за испорака на топлинска енергија. Министерот Насер Нуредини во телефонски разговор за Сител ја потврди ваквата информација – вели дека иако досега нема барање од топланите, тоа нема да биде дозволено.

– Топланите имаат добиено еколошки дозволи од нашето Министертство, но тие се само за користење на гас. Законот е јасен, доколку се бара дозвола за користење на друго гориво, постапката трае 90 дена, но користењето на дизелот не е предвидено во таквата дозвола. Најеколошки е ако се користи гас за топлинска енергија, вели Нуредини за Сител.

И додека државата јасно кажува дека за да можат топланите да работат на друг енергенс, потребно е да се испочитува рокот од 90 дена за дозвола, од ЕСМ засега нема одговор дали остануваат на нивниот план за тестирање со дизел. Сител упати прашање до Електрани дали ќе вршат 10 дневно тестирање со дизел како што најавија и покрај ставот на Министерството, но нема одговор.

Експертите воздржани за како што ја нарекоа битката меѓу државата и компанијата која е во државна сопственост. Одбија да коментираат додека како што велат државата јасно покажува дека нема план како ќе постапува во ваков момент.

Екологистите загрижени за планот на ЕСМ – предупредуваат дека тестирањето на дизелот во топланите дополнително ќе го загади воздухот.

Според најавите ЕСМ по 15 ноември па во наредните десет дена ќе врши тестирање дали Топланите Исток и Запад можат да работат на дизел иако дотогаш има обезбедено гас за само уште четири дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons