Актуелно

Ќе започне ли грејната сезона во Скопје пред 15.октомври?

За помалку од десет дена започнува грејната сезона. Како и секоја година, ќе почне да се топли на 15 октомври, а грејната сезона завршува на 15 април 2027 година.

Грејната сезона може да почне и порано, од 1 октомври и да заврши најдоцна до 30 април, во случај кога прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 ºС.

Снабдувачот е должен во грејните простории од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 º C.

РКЕ ги потсетува заедниците на станари да ги проверат внатрешните инсталации и инсталациите во објектите и да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници со цел грејната сезона да започне без проблеми. 

Според најавите на метеолозите, првиот посериозен студ во земјава се очекува во втората половина од месецов. Според познатиот метеолот Славчо Попоски можен е и снег во делови од Балканот. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons