ЈСП објави оглас за 50 возачи

Јавното сообраќајно претпријатие објави оглас за вработување на 50 помлади возачи. За една година 32 возачи заминале од работа, а до крајот на оваа година во пензија ќе заминат уште 24.

25 од новопримените возачи ќе бидат во базата Автокоманда и исто толку во автобазата Ѓорче Петров. Треба да бидат вработени 34 Македонци, десетмина Албанци, еден Турчин, тројца Роми, еден Бошњак и еден од другите националности.

Кандидатите треба да се со четиригодишно средно образование, да имаат положено возачки испит од Д- категорија и да се со или без работно искуство.

Возачите ќе бидат примени на работа на неопределено време, со основна нето-плата што е утврдена на 21.002 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons