Јокиќ ја доби битката со Дончиќ, Денвер го победи Далас (ВИДЕО)

Денвер со 118-109 го совлада Далас, Никола Јокиќ запиша нов трипл-дабл, а Лука Дончиќ беше најефикасен на мечот. 

Денвер дојде до трета победа по ред, а Далас запиша трет пораз едно по друго. Кај гостите на овој натпревар не настапи Ирвинг поради повреда. Натпреварот беше решен во втората четвртина која Денвер ја доби со 35-19. Предноста беше направена во овој период, а потоа само рутински ја одржаа до крај за победа од 118-109. Никола Јокиќ запиша нов трипл-дабл, имаше 14 поени, 13 скокови и 10 асистенции, најефикасен во составот на Денвер беше Грин со 24 поени. Лука Дончиќ беше најефикасен на мечот, постигна 37 поени, имаше и девет асистенции.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons