ЈА ИЗБОДЕЛ ВО ГРБОТ И ВРАТОТ: Mаж се обидел да ја убие партнерката
Обид за убиство имало при семејно насилство. Маж се обидел да ја убие партнерката.
„На 15 ноември, осомничениот при вршење семејно насилство, се обидел да ја лиши од живот неговата вонбрачна партнерка. По кратка вербална расправија, тој зел нож со кој и се заканил дека ќе ја убие. На тоа, оштетената заедно со детето тргнала да бега кон домот на нејзините родители во близина, но осомничениот ја стигнал пред влезната врата на нивниот дом и ѝ нанел повеќе убоди со ножот во пределот на грбот и вратот“, соопштија од Обвинителството.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и можност да го повтори или да го доврши обиденото кривично дело.
Во последно време имаше повеќе пријави во полиција за семејно насилство.