Земале мито од 100 евра за да не напишат сообраќајна казна, кривична за двајца полицајци 

Полициските службеници се изведени пред ЈО за ГОКК, а од страна на истражен судија им е определена мерка притвор од 30 дена.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното обвинителство поднесе кривична против полициските службеници Д.С. и Б.П., вработени во ПО за БПС Крива Паланка при СВР Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “примање поткуп” по член 357 од КЗ.

-Имено, полициските службеници на 15.11.2023 за да не санкционираат сообраќаен прекршок побарале и примиле поткуп од две лица, странски државјани, во износ од 100 евра, информира МВР.

Полициските службеници се изведени пред ЈО за ГОКК, а од страна на истражен судија им е определена мерка притвор од 30 дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons