Јагнешко месо се откупува за 240 денари, а во месарите се продава за 800 денари килограм
Селата се празнат, замира сточарството, а пред се овчарството, некогаш главна стопанска гранка во овчеполието. Во село Лакавица, Штипско, единствено 28 годишниот Бајрам Омер одгледува овци, но и тој од година во година, иако планирал да го зголемува, постојано го намалува стадото.
-Лани имавме над 400 овци, годинава околу 35, а сега планирам да го намалам на 250 овци. Фарма направивме нова од 1500 м2 за околу 1000 овци, но не може да се издржи. Никогаш нема да имам 1000 овци, па џабе ја правевме фармата- изјави Бајрам Омер, сточар од с. Лакавица
За Омер ова е семеен бизнис, во кој му помагаат соругата и трите малолетни деца, меѓутоа никако не може да најде работник, иако нуди и по 600 евра месечна плата само за утринско молзење. Се обидел да се механизира со систем, но без помош од државата инвестицијата би била неисплатлива.
-За тие пари од 40 000 евра, 5 години треба да работам, само за машините да работам, за системот за молзење- додаде Омер
Јагнешкото во месарите се продава по 800 денари, а нив им го откупуваат по 240 денари жива мера, што според Омер, е надвор од пазарната логика.
-Штом во месарите е 800 денари, ние требаше да го продаваме по 450 денари, а нам ни го зедоа по 240 денари, што значи во месарите треба да се продава по 500 денари килограм- изјави Омер
Секоја година фондот на овци во земјава се намалува за околу 50 000 и во моментот има 583 000 грла.
sitel.com.mk