Јавниот сектор од утре во генерален штрајк 

Вработените во јавен сектор од утре стапуваат во генерален штрајк. 

Покрај тоа што ќе штрајкуваат со прекин на работниот процес на своите работни места во работно време, видливо од 10 до 11 часот ќе застанат и надвор пред просториите на работодавачот.

Сојузот на синдикати соопшти дека за време на генералниот штрајк во јавниот сектор најавен за 22 јуни ќе обезбедат расположив капацитет од 10 отсто од вработените во овој сектор, според правилата за штрајк.

-Вработените во јавен сектор покрај тоа што ќе штрајкуваат со прекин на работниот процес на своите работни места во работно време, видливо од 10 до 11 часот ќе застанат и надвор пред просториите на работодавачот. Правилата за работите кои не смеат да се прекинат за време на штрајк се однесуваат за цел јавен сектор , велат од ССМ.

Штрајкот, како што соопштија претходно, се организира за заштита на економските и социјалните права и остварување на барања од работен однос – склучување општ колективен договор за јавен сектор со утврдено зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари во нето износ, согласно зголемувањето на минималната плата објавена во Службен весник од 24 февруари 2022 година и утврдено право на регрес за годишен одмор во висина од 30 до 100 проценти од основицата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons