Спорт

Ѓорческа со сигурна победа тргна во Романија

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со 2-0 во сетови ја совлада Симона Огеску на стартот од турнир во Романија.

Ѓорческа лесно го доби мечот, првиот сет беше 6-3 за нашата тенисерка, а во вториот беше уште подобра добивајќи го со 6-2.

Лина во второто коло повторно ќе игра против романска тенисерка, овојпат ќе се сретне со Барбулеску.

Македонката е трета носителка на овој турнир.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons