Спорт

Ѓорческа со пресврт до победа за пласман во полуфинале 

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ќе игра во полуфиналето од ИТФ турнирот во Слобозија, Романија откако со 2-1 во сетови ја совалда Луција Ќириќ – Багариќ од Хрватска.

Лина лошо го почна мечот, хрватската тенисерка го доби првиот сет со убедливи 6-1 и поведе со 1-0.

Но, работите се променија во продолжение, Ѓорческа следниот сет го доби исто така со 6-1 и израмни на 1-1, а во третиот решавачки сет славеше со максимални 6-0 за победа од 2-1.

Со оваа победа Лина и се реваншираше на денешната противничка за поразот во ланското финале во Ларнака.

Утре во полуфиналето Ѓорческа ќе игра против домашната тенисерка Марија Попа, која исто со пресврт успеа да ја совлада Дарија Лодикова со 2-1 во сетови (1-6, 7-5, 6-2).

Лина Ѓорческа е трета носителка на турнирот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons