Ѓоковиќ тргна очајно, па го растури Де Минор за четвртфинале на Вимблдон
Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфинале на Вимблдон откако попладнево со 3-1 во сетови (1-6, 6-4, 6-4 и 6-4) ја доби пресметката против Алекс Де Минор.
Новак Ѓоковиќ очајно го отвори натпреварот против Алекс Де Минор, првиот сет го загуби со 6-1, тенисерот од Австралија стана единствениот кој успеал со ваква леснотија да го совлада Србинот во прв сет на Вимблдон.
Но популарниот Ноле значително се поправи во продолжението, заигра на повисоко ниво па ги доби следните три сета со идентични 6-4 за нова победа.
Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе се сретне со Флавио Коболи, кој претходно славеше против Марин Чилиќ.
ФОТО: X/Wimbledon