Спорт

Ѓоковиќ се пресели во Атина 

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ реши да не се враќа во Белград и да се пресели во Атина, а според англискиот медиум „Дејли Мејл“ причината е претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Ѓоковиќ јавно ги поддржува борците против режимот на Вучиќ, а додека не се промени власта, тој не сака да живеа во Србија.

Новак ги запишал своите деца во училиште во Атина, а со семејството веќе си најде нов дом, наводно наскоро ќе побара и „златна виза“.

„Дејли Мејл“ пишува дека Ѓоковиќ наводно бил под голем притисок откако им дал поддршка на студентите.

Турнирот кој тој го организираше исто така е преселен во Атина и ќе се игра на почетокот на ноември.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons