Ѓоковиќ го мина и Корда и обезбеди место во полуфиналето во Мајами
На Новак Ѓоковиќ му останаа уште две пречки до трофејот во Мајами откако во два сета го победи Американецот Корда.
Новак првиот сет го доби со убедливи 6-3, а во вториот се играше тај-брејк кој го доби Србинот со 7-4.
Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе има сериозен предизвик, ќе се сретне со Григор Димитров.
Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Тејлор Фриц и Јакуб Менсик.