Спорт

Ѓоковиќ без борба до полуфинале во Мајами? 

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќизминатата вечер забележа убедлива победа од 2-0 (6-2, 6-2) над Италијанецот Мусети и така се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Мајами.

Противник на Новак во битката за полуфифнале треба да му биде Американецот Себастијан Корда, но тој е под знак прашалник поради повреда.

Корда почувствувал проблем за време на пресметката со Гаел Монфис и поради состојбата го откажа настапот во двојки.

„Поради повредата имам негативни мисли место да останам позитивен. Морав да се фокусирам и да го дадам најдоброто“, изјави Корда по средбата со Монфис.

Засега тој не ја исклучува можноста да се повлече, со што Ѓоковиќ би добил пласман во полуфиналето.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons