Штрајкот на авиосообраќајот во Германија влијае и во Македонија, се откажуваат и се пренасочуваат летови
Авиосообраќајот во Германија денес е во целосен застој каде вработените во 11 главни аеродроми почнаа еднодевен предупредувачки штрајк. Се очекува да бидат одложени или откажани околу 1100 летови се со цел да се направи притисок вработените да добијат нов колетивен договор но и зголемување на платите.
Најпогодени се аеродромите во Франкфурт, Хамбург, Бремен, Берлин, Лајпциг, Дизелдорф, Келн, Хановер, Штутгарт, Ерфурт и во Дрезден, додека сит полетувања се откажани на аеродромите во Берлин, Хамбург и во Штутгарт.
Штрајкот во Германија влијае и во Македонија каде летовите или се откажуваат или се пренасочуваат кон другите аеродроми. Од ТАВ Македонија потврдуваат дека има откажани но и пренасочени летови.
– “По претходно известување, летовите за Франкфурт, закажани на 1-ви февруари 2023, утринскиот и попладневниот, на кои сообраќа авиокомпанијата Луфтханза, беа откажани. Летовите на авиокомпанијата Визер до Бремен и Келн, закажани за 1-ви февруари 2023, се пренасочени до Дортмунд и Франкфурт-Хан, соодветно, се вели во соопштението на ТАВ Македонија.