Спорт

Што се случува со Роналдо, повторно не настапи за Јунајтед 

Манчестер јунајтед вчера одигра 1:1 на домашен терен против Лестер во Премиер лигата, а Кристијано Роналдо повторно не беше дел од тимот на „црвените ѓаволи“.

Јунајтед се мачеше без Португалецот во нападот каде менаџерот Рафл Рангник одлучи да го стави Бруно Фернандеш, а да го остави Маркус Рашфорд на клупата. Со ремито, Јунајтед речиси и да ги загуби сите шанси да го освои четвртото место на табелата и следната сезона да игра во Лигата на шампионите. Арсенал има три бода повеќе од Јунајтед на четвртата позиција на табелата и згора на тоа има и два натпревари помалку.

Менаџерот на Манчестер јунајтед изјави дека Португалецот не бил во тимот поради болест.

– Во петокот имаше симптоми слични на грип – кратко одговори Рангник кој додаде и дека Џеси Лингард исто така бил болен, иако седел на клупата за резервни играчи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons