Ченто одбил службен автомобил и обезбедување: Ако се плашам од мојот народ не треба да бидам претседател!
Ќерката на Матодија Андонов Ченто, Марија Јакимоска-Ченто, раскажува дека првиот македонски претседател не користел службено возило, ниту државен стан и обезбедување.
Тој побарал да му дадат празен стан кој сам си го опремил, одел на работа пеш, не сакал обезбедување.
Јакимоска раскажува дека Ченто имал еден војник пред станот на кој му рекол дека нема потреба од стражар, да оди да си ја работи работата.
Кога на првиот работен ден по него дошол шоферот со автомобил, и му објаснил дека треба да го користи автомобилот за негова сигурност, Ченто му рекол:
“Ако се плашев јас од мојот македонски народ не треба да бидам претседател”.