Спорт

Чави Симонс по Барса го „издрибла“ и ПСЖ, потпиша за ПСВ до 2027 година 

Талентираниот Чави Симонс требаше да потпише нов договор со ПСЖ и да се пресели во ПСВ на позајмица, но во последен момент се предомисли реши да стави крај на авантурата во Париз и да се обврзе кон ПСВ до 2027 година.

Чави Симонс важаше за еден од најталентираните играчи во школата на Барселона, очекувањата на Камп Ноу беа големи, но во 2019 година, контроверзниот Мино Рајола побара многу пари за продолжување на соработката и младиот Холанѓанец се пресели во ПСЖ.

„Светците“ исто така имаа големи очекувања од фудбалерот, минатата сезона му дадоа шанса во првиот тим, но Чави Симонс сега го „издрибла“ и ПСЖ.

Како што пишува новинарот Фабрицио Романо, ПСЖ и Чави Симонс договориле нова соработка, со тоа што фудбалерот ќе биде позајмен на ПСВ за во сезоната 2022/23 за да има поголема минутажа.

Сепак, Чави Симонс во последен момент се предомислил, го одбил новиот договор и вчера потпиша за ПСВ до јуни 2027 година.

Се шпекулира дека „светците“ со ПСВ сепак успеале да договорат клаузула според која ќе можат следното лето да го вратат Чави Симонс во своите редови за 4 милиони евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons