Црната листа на САД се проширува со Катица СЈО Јанева и градоначалникот Стевче Јакимовски 

На црната листа на САД се најдоа актуелниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Американскиот Стејт Департмент денеска ги стави на црна листа поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски. По повод означувањето, од Стејт Департментот велат дека двајцата со нивните дејствија го поткопале владеењето на правото и довербата на јавноста во демократските институции.

„Како поранешен шеф на специјалното обвинителство, Јанева беше вклучена во коруптивни дела, вклучувајќи искористување на нејзиното политичко влијание и официјална моќ за лична корист. Има кредибилни информации дека Јанева барала и примила мито за да влијае на обвиненија под нејзина надлежност“, се вели во соопштението на Стејт Департментот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons