Црвена звезда е шампион на Србија, и голманот Борјан даде гол! (ВИДЕО)
Црвена звезда ја освои петтата шампионска титула по ред, вкупно 33. во клупската историја откако денеска на свој терен го совладаа Вождовац со 3-1 и завршија со два бода пред Партизан.
Резултатот го отвори Катаи во 40. минута, а по девет минути игра во вториот дел Иваниќ постигна гол за 2-0. Во 67. минута Вождовац намали преку Милојевиќ на 2-1. Во самиот финиш од мечот Црвена звезда доби пенал, а одлуката падна голманот Борјан да го изведе ударот од белата точка. Тој успешно ја заврши работата, даде гол по што славјето можеше да почне.