Хаос во Белград: На улица се степаа навивачите на Црвена Звезда и Партизан (ВИДЕО)
По завршувањето на натпреварот помеѓу Партизан и Војводина (2:1) во полуфиналето на Купот на Србија, дојде до голема тепачка меѓу Гробари и Делии, кои тргнаа на Маракана за полуфиналната пресметка меѓу Звезда и Нови Пазар.
Тепачката почнала кај една обложувалница, пишува Телеграф и објави видео од апсењето . Морало да интервенира и полицијата која почнала да ги враќа автомобилите кои се движеле кон Автокоманда каде имало голем метеж. Навивачите на Звезда маскирани ги чекаа навивачите на Партизан и потоа дојде до голема тепачка.
Со своите каиши и разни други цврсти предмети и факели, Делиите ги нападнаа Гробари излетувајќи од зад дрвјата од другата страна на улицата. Еден навивач е тешко повреден, а неколку се со тешки повреди на главата.