Хамилтон ја освои првата пол-позиција во болидот на Ферари
Почна вториот натпреварувачки викенд во Формула 1 оваа сезона, а Луис Хамилтон ја обезбеди првата пол позиција како возач на Ферари откако имаше најдобро време во квалификациите за спринт трката во Кина.
Тој имаше најдобро време во третата квалификациска сесија и ја обезбеди пол-позицијата за спринт трката во Кина.
До него ќе стартува актуелниот шампион Макс Ферстапен од Ред Бул, а позади се Оскар Пјастри од Мекларен и Шарл Леклер од Ферари.
Во топ десет се пласираа и Расел, Норис, Антонели, Цунода, Албон и Строл.
Спринтот ќе се вози во 19 кругови, односно 100 километри. Главната трка се вози во недела.