Спорт

Хамилтон вели дека ќе остане во Формула 1 уште неколку години 

Тука сум да работам со тимот, но и со Фред. Верувам дека тој е човекот што ќе нè однесе до врвот, додаде Хамилтон.

Луис Хамилтон вели дека ќе остане во Формула 1 уште неколку години, обидувајќи се да го оправда разочарувачкиот почеток на неговата кариера во Ферари.

Хамилтон ја опиша неодамнешната трка за Големата награда на Шпанија, каде што Ферари му нареди да отстапи позиција на колегата Шарл Леклер, а потоа беше претекнат од возачот на Заубер, Нико Хулкенберг, како една од најлошите што некогаш ги доживеал.

Британскиот возач е 23 поени зад Леклер и 115 зад лидерот во шампионатот Оскар Пјастри пред трката за Големата награда на Канада овој викенд.

Зборувајќи за медиумите пред трката во Монтреал, Хамилтон (40) изјави за својата иднина: „Тукушто почнав со тимот. Ќе бидам тука неколку години и ќе бидам достапен долгорочно. Нема сомнение каде ми е главата и што сакам да постигнам со тимот. Нема сомнение за тоа, затоа ве молам престанете да измислувате работи“.

Откако премина од Мерцедес, Хамилтон го освои спринтот во Кина во март, но неговиот моментален биланс за Ферари е 10-то место, дисквалификација, седмо, петто, седмо, осмо, четврто, петто и шесто место.

Ферари сега се 197 поени зад Мекларен во шампионатот на конструктори, а извештаите во Италија сугерираат дека позицијата на Фред Васер како шеф на тимот е под закана.

-Не мислам дека тоа е можно, колку што знам. Секако не би го поддржал тоа. Пред се, сакам да работам со Фред. Тој е главната причина зошто сум во овој тим и добив можност да бидам тука поради него, за што сум вечно благодарен. Во ова сме заедно, работите не се совршени. Тука сум да работам со тимот, но и со Фред. Верувам дека тој е човекот што ќе нè однесе до врвот, додаде Хамилтон на оваа тема. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons