Халилхоџиќ за Мароко: Ми ја земаа гордоста, ниту ќе им заборавам, ниту ќе им простам 

Легендарниот босански фудбалски стратег, Вахид Халилхоџиќ го пласираше Мароко на Светското првенство во Катар, но во меѓувреме доби отказ, па селекцијата на Мундијалот ја водеше Валид Регреги со кого Мароканците испишаа историја.

Мароко беше дури трета селекција која Халилхоџиќ ја пласира на Светско првенство, а не ја води таму. Добива отказ пред да почне натпреварувањето.

Причината за тоа е јасна, Босанецот не сака никој да му се меша во работата, а неговиот тврд став им пречи на челнците на федерациите, па се разделуваат со него.

Халилхоџиќ се скара со ѕвездите Хаким Зијеш и Нусар Мазруаи кои не ги играше, без нив беше и на Африканскиот куп на нации, каде настапот беше лош. Ваквите недоразбирања во селекцијата и неговото инсистирање да не ги игра овие двајца фудбалери, му донесоа отказ.

На, Халилхоџиќ не му е сеедно што не го водеше Мароко на Светското првенство во Катар.

„Знаете дека ништо не коментирав во врска со Мароко. Ме бараа новинари од Мароко, од регионот… Но, тешко ми беше било што да кажам. А, и овие зборови не може да ја исперат горчината и не можат да ми го надокнадат тоа што го пропуштив на овој турнир. Ми ја земаа гордоста – ниту ќе им заборавам, ниту ќе им простам. СП во Катар требаше да биде мое збогување од фудбалот. Тоа е сè што имам да кажам“, изјави Халилхоџиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons