Спорт

Фудбалерите со четири гола во мрежата на Гибралтар се извадија за поразот од Грузија 

Фудбалската репрезентација на Македонија оствари убедлив триумф од 4:0 над Гибралтар во четвртото коло од групата 4 во дивизијата Ц во Лигата на нации. Со убедливата победа над аутсајдерот, фудбалерите се извадија пред македонските фанови за поразот во четвртокот од Грузија со 0:3 и првите четири настапи во Лигата на нации ги завршија со учинок од две победи над Гибралтар, реми со Бугарија и пораз од Грузија.

Фудбалерите доминираа од првата минута па се до последниот свиреж на судијата, а победата ја најавија уште во четвртата минута кога Енис Барди погоди од слободен удар откако претходно еден од играчите на Гибралтар играше со рака.

Македонија продолжи да доминира на Националната Арена „Тодор Проески“ и за само две минути, Бојан Миовски кој доби предност пред Милан Ристовски, постигна два гола.

Миовски во 14 и во 16 минута два пати ја тресеше мрежата на Гибралтар за убедливи 3:0. Четвртиот гол го постигна Дарко Чурлинов во 31 минута.

Во второто полувреме, избраниците на селекторот Милевски рутински ги одиграа, ја имаа контролата над топката, создаваа шанса, но не успеаја да постигнат уште некој гол.
Јунскиот циклус од Лигата на нации, Македонија ги заврши со седум бода за второ место на табелата, а во септемри ќе ги одигра преостанатите два натпревари, против Грузија на гости и со Бугарија на домашен терен.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons