ФОТО: Тешка сообраќајка во Карпош, затворен булеварот „Теодосиј Гологанов“ 

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва на булеварот „Теодосиј Гологанов“ поради што булеварот е затворен во правец кон Ѓорче Петров.

Несреќата се случила на раскрсницата меѓу булеварите „Теодосиј Гологанов“ и „8 септември“, а во неа учествувале две патнички моторни возила „бмв“ и „хонда“. 

Како што јавува репортерот на Прес24, во несреќата, за среќа, нема повредени, а во моментот полициски службеници вршат увид на местото на несреќата. На булеварот има зголемено присуство на полициски службеници.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons