(ФОТО) Снежна идила на Шапка среде пролет

На само неколку дена пред 1. Мај – празникто кој традиционално се одбележува со скара во природа, обилни врнежи, па дури и снег на повисокитеместа во земјава. Утрово снежна покрива на Попова Шапка. 

Слаб снег вееше и на Маврово. 

– Зимата никако да си оди. Ноќеска наврнаа 10-20 сантиметри снег на Попова Шапка. Но овој снег е мек и нема да биде добар за скијање. Со снегот имаме само прилика за нови фотографии преку кои ќе доловиме една снежна бајка на скијачкиот центар, изјави за МИА менаџер од угостителско-сместувачкиот објект „Конак“.

Ски-центарот Попова Шапка инаку уште на 19 март извести дека поради високите температури и немањето соодветни услови за скијање, официјално се затвора зимската сезона.

Како изгледа снежната идина на Шапка среде пролет погледнете од фотографиите кои ги објави „Конак Попова Шапка“: 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons