Актуелно

(Фото) ПОТВРДЕНО: Македонија ѝ донира тенкови на Украина! 

Откако на социјалните мрежи се појавија видеоснимки на кои се гледа транспорт на тенкови, „360 степени“ се обрати до Министерството за одбрана од каде, според одговорот, потврдуваат дека станува збор за донација што земјава ѝ ја дава на Украина.

Од МО велат дека станува збор за трета генерација тенкови кои со развојот на технологијата за неколку години би биле неконкурентни и некомпатибилни со нашите побарувања за снабдување со западна платформа, а дополнително за нивно уништување во земјава ќе се потрошат пари што, како што велат, е нецелисходна активност за нашата Армија.

Северна Македонија ѝ донира тенкови на Украина, која бараше од западните и НАТО-партнерите да ѝ помогнат со воена опрема.

Информацијата за донацијата ја потврдуваат и од Министерството за одбрана (МО) каде биле упатени прашања откако на социјалните мрежи се појавија видеоснимки на кои може да се види дека се врши транспорт на тенкови.

Од МО посочуваат дека согласно владините одлуки во неколку наврати е донирана воена опрема на Украина и фека тоа било во координација со сојузниците, при што повторуваат дека Северна Македонија како членка на НАТО го почитува територијалниот интегритет, суверенитет и правото на самоодбрана на Украина, како и дека остро ја осудува руската агресија.

Повеќе на 360 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons