(ФОТО) На изненадувањата во учебниците им нема крај: „Финците, Унгарците и Турците се жолта раса“ 

По секојдневното обелоденување на кардинални грешки во учебниците кои пред крајот на првото полугодие ги добија децата во петто одделение, реакции за грешки стигнуваат и од родители и од наставници на ученици од повисоките одделенија. Дека Македонија на исток граничи со Албанија, а на запад со Бугарија, дека Монт Еверест е висок 29.305 метри, дека Марија Кири е добитничка на Нобелова награда за наука, а не постои Нобелова награда за наука, туку за хемија или за физика, не се последните катастрофални грешки кои ќе мораат да ги „голтаат“ децата, анализира порталот Фактор.

Оние во VIII одделение по географија учат дека Финците, Унгарците, Турците се жолта или монголоидна раса.

Новинарите од Фактор разговарале со наставничка по географија, веќе во пензија, Стојанка Вуксановиќ, која направила истражување, конкретно за Финска и која вели дека Финците се бела раса.

Истовремено пак, родителите на учениците од VIII одделение кои први укажаа на содржината во учебникот по географија, а кои припаѓаат на генерациите основно одделение во периодот пред осамостојувањето на Македонија, велат дека вакво нешто никогаш не учеле.

Целата вест прочитајте ја на ФАКТОР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons