(Фото) Миовски со патриотска прослава ги „поздрави“ Грците 

Бојан Миовски е убедливо најдобар играч на Абердин во Европа од стартот на квалификациите, а таквиот статус го потврди и вчера на пресметката против ПАОК.

Македонецот беше посебно мотивиран против Грците и запиша гол и асистенција на стартот на второто полувреме, но и неговиот блесок не беше доволен за победа на шкотскиот тим.

Абердин имаше водство од 2:0 се додека Миовски беше на теренот, но откако беше повлечен од игра во 72-та минута, следеше целосен шок и ПАОК направи пресврт со три гола во неполни 20 минути.

На крајот Грците беа тие кои се израдуваа на трите бода, а тоа сигурно посебно тешко му падна на Миовски кој кога го постигна првиот гол на мечот, славеше со препознатлива патриотска гестикулација.

Бојан славеше со симболот за „Обединета Македонија“ против тим од земјата со која имавме доста политички проблеми во минатото, а неговиот потег наиде на многу реакции на социјалните мрежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons