НајновоСпорт

ФОТО: Македонија го доби првиот возач кој настапил во Формула 4! 

Maкедонецот, Стефан Тренески стана првиот од нашата земја кој доби можност да дебитира во Формула 4 и тоа на познатата патека во Словачка „Словакиаринг“.

Тренески е актуелен победнк на Формула 4 ЦЕЗ Академијата и има 17 години, а во Словачка ги бранеше боите на „Јаник Моторс“.

„Успеав од 17. тата позиција да се искачам до 13-тата. До крајот на вкендот имав одлична брзина и конзистентност. Научив многу и ссигурен сум дека следната сезона ќе се борам и заа врвот на Централноевропскиот шампионат. Голема благодарност до Јаник Моторс и сите кои ме поддржаа овој викенд“, објави Тренески на социјалните мрежи.

Следниот натпреварувачки викенд кој ќе биде и последен за оваа сезона ќе се одржи на 6 и 7 септември во Брно, Чешка.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons