НајновоСвет

ФОТО: Кои места во Украина беа цел на руски проектили? 

Во денешните напади во украинските градови биле лансирани вкупно 75 проектили, а погоден е и главниот град Киев, во кој, според последниот биланс, загинаа најмалку осум лица, а 24 се повредени.

Информацијата ја соопшти началникот на Генералштабот на украинската армија Валериј Залужни кој на твитер-профилот на Министерството за одбрана објави дека денеска врз Украина биле истрелани 75 проектили, а оти 41 од нив биле соборени од противвоздушната одбрана на Украина.

На социјалните мрежи беше објавена мапа на која се покажани сите градови кои биле цел на руско гранатирање.

Според нивните податоци, бројот на проектили истрелани кон воени цели во Украина се:
47 во областа Николаев;
60 во Киев;
15 во Лавов;
27 во Винички регион;
20 во Харков;
15 во регионот Одеса;
10 во Днепропетровск

Меѓу погодените градови се: Киев, Днепропетровск, Харков, Запорожје, Тернопил, Одеса, Крив Рог, Лавов, Житомир, Ривне, Николаев, Крапивнички, Кременчук, Конотоп и неколку други.

Руски проектил/ Фото Фејсбук

Прекин на струја во градовите Лавов, Житомир, Шуми, Харков, Хмелницки, Полтава, Тернопил, Луцк, Ривне и Ивано-Франковск, а неколку градови имаат проблем и со водоснабдувањето и интернетот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons