(ФОТО + ВИДЕО) МВР: Спречивме организирано бегство од Идризово, тунелот беше 40 метри

Министерството за внатрешни работи, Биро за јавна безбедност, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Агенцијата за национална безбедност спречило организирано бегство од Казнено поправниот дом Идризово, по веста дека е ископан подземен тунел.

Осудениците кои копале, според сознаниијата кои ги добило МВР, биле најмалку осуммина кои издржуваат казна затвор во КПД Идризово, осудени за сериозни кривични дела со определени казни од 10 години до доживотен затвор. Копале од кај просторијата за јаглен.

„По доставувањето на сознанијата до Управата, од нивна страна се извршени проверки на  местото кое беше посочено како потенцијален тунел, при што беше утврдено постоење на ископан тунел во должина од околу 40 метри, лоциран до објект кој се користел за одлагање на јаглен во правец на заштитната ограда позади која се наоѓа женското одделение, а во непосредна близина на зградата на затвореното одделение на затворот, на длабочина од околу 1 метар, во дијаметар од околу 80 сантиметри, соодветно обезбеден со попречни греди и тули. Во тунелот се пронајдени повеќе пластични корпи на кои се врзани јажиња, а со кои се извлекувала ископаната земја и електричен кабел со сијалица која им служела за осветлување на тунелот“, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи во координација со надлежното јавно обвинителство презема дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons