Спорт

ФИФА: Победникот на Светското клупско првенство ќе добие фантастични 125 милиони долари! 

Светската куќа на фудбалот ги откри финансиските детали за новото Светско клупско првенство, наградниот фонд е рекорден ако во предвид се земе фактот дека еден клуб може да одигра најмногу седум натпревари.

Од 12. јуни до 13. јули во САД ќе се одржи новото Светско клупско првенство на кое учество ќе земат 32 клубови.

ФИФА денеска ги откри финансиските детали, ќе бидат поделени 1 милијарда долари.

Од оваа сума, 525 милиони долари ќе бидат поделени на клубовите за учество, со тоа што секој клуб ќе добие соодветна сума на основ на спортските успеси и популарноста, односно маркетинг привлечност.

475 милиони долари ќе бидат поделени во зависност од постигнатите резултати на турнирот, и секој клуб ќе добие иста сума.

За триумф во финалето следуваат 40 милиони долари, додека проценките велат дека освојувачот на Светското клупско првенство може да освои и до 125 милиони долари, што е фантастична сума ако во предвид се земе дека еден клуб може да одигра најмногу седум натпревари.

ФИФА нема да земе ниту еден долар од ова ново натпреварување, а во зависност од тоа каков ќе биде комерцијалниот успех, светската куќа на фудбалот сака да подели и 250 милиони долари на сите клубови во форма на солидарен фонд.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons