Финишираат преговорите: Позната е платата која Елмас ќе ја добива во Наполи
Медиумите од Италија пренесуваат дека финишираат преговорите за враќање на Елиф Елмас на југот на Италија, фудбалерот со Наполи веќе си подал рака за договор 1+4 и плата од 3 милиони евра по сезона.
Наполи во моментов работи на две нови засилувања – Расмус Хојлунд од Манчестер јунјтед и Елиф Елмас од РБ Лајпциг.
Голем број на извори од „чизмата“ денеска објавија дека се „пеглаат“ деталите за враќање на Македонецот на југот на Италија.
Новинарот Николо Шира пренесува дека Елиф Елмас веќе си подал рака со Наполи за договор 1+4 години, и плата од 3 милиони евра по сезона.
Елиф Елмас ќе се пресели на позајмица во Наполи за која ќе бидат платени околу 2 милиони евра, доколку опцијата за перманентен трансфер ќе биде поставена на 12 милиони евра (има и извори кои велат дека опцијата ќе вреди 16 милиони евра).