Магазин

„Фејсбук“ ќе им плаќа надомест на корисниците за нарушување на приватноста 

„Фејсбук“ ќе им испраќа пари на одредени корисници. Доколку сте ја користеле социјалната мрежа во последните 15 години, може да добиете пари. 

Станува збор за судска пресуда според која жителите на САД што ја користеле мрежата во периодот од 24 мај 2007 и 22 декември 2022 може да добијат надомест поради нарушување на приватноста и споделување лични податоци. Компанијата ги негира обвинувањата, но судот пресуди дека таа треба да им исплати надомест на корисниците што биле оштетени. 

Компанијата треба да им подели 725 милиони долари на корисниците што ќе поднесат жалба според периодот во кој ја користеле социјалната мрежа. 

Корисниците од САД може да поднесат жалба до 25 август. Меѓутоа, по поднесувањето на жалбата треба да се одржи судско рочиште на кое ќе се расправа за поднесените жалби. 

Извор: Futurism

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons