Уште едно убиство во Македонија: Застрелано лице во ресторан, познати сите детали
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на лице место во Боговиње, каде едно лице беше лишено од живот со огнено оружје. Сторителот е идентификуван и лишен од слобода, а кај него е пронајдено и оружјето со кое го извршил делото.
Според првичните информации, настанот се случил во угостителски објект во кој во тој момент имало и други лица.
Осомничениот и жртвата имале вербална расправија, по што сторителот извадил огнено оружје и започнал да пука. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредба за прибирање и вештачење на траги од лице место. Ќе се вршат разговори со сведоци на настанот и со други лица.