Актуелно

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за „Ванчо Михајлов“, клубот бил згаснат 

Уставниот суд денеска одлучи да ја отфрли иницијативата со која се бараше поништување на Статутот и на Програмата на Здружението „Иван Михајлов“, затоа што културниот клуб од Битола бил згаснат.

Политичката партија „Левица” поднесе иницијатива до Судот со која ги оспорува Статутот и Програмата на Здружението „Културен центар Иван Михајлов”, но во времето кога тој беше активен.

Во меѓувреме, во март центарот беше избришан од регистарот со одлука на Министерството за правда, поради неусогласување на името со измените во Законот за здруженија и фондации. 

„По утврдената фактичка состојба произлезе дека Здружението „Културен Центар Иван Михајлов Битола” е избришано од единствената база на податоци на Централниот регистар, односно не постои како правен субјект. Согласно овие информации Уставниот суд  воочи процесни пречки за да одлучува по иницијативата и со тоа исполнети се условите од членот 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд, за да ја отфрли иницијативата. 

Подносителот бараше поништување на актите со наводи  дека оспорените Статут и Програма се спротивни на членот 20 став 2 од Уставот затоа што според него се насочени кон разгорување на национална или верска омраза или нетреливост.“, заклучи Уставен суд денеска.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons