Усмртил мечка на патот Тетово – Скопје, возачот заврши во болница

СВР Тетово информира дека 21-годишен возач од Василево удрил и усмртил мечка на автопатот Тетово – Скопје, при што ударот предизвикал кај него повреди поради кои завршил на болничко лекување.

Настанот се случил синоќа, 40 минути по полноќ. пред година и пол, исто така на автопатот Тетово – Скопје, возач од Кичево усмрти мечка  кај Карпалак.

-Пријавено е дека на автопатот Тетово-Скопје, во близина на Карпалак, патничко возило „фолксфаген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот В.И. од Седларци, општина Василево, удрило и усмртило мечка. Во несреќата возачот се здобил со повреди и бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons