Актуелно

Три хеликоптери го гасат големиот пожар кај Блаце 

Утрово два полициски и еден армиски хеликоптер, „хермелин“, „пинцгауер“ и едно теренско возило „амарок“ на Дирекцијата за спасување се на терен и дејствуваат како поддршка на пожарникарите од скопската Бригада за противпожарна заштита што од вчера го гасат големиот пожар на отворен простор на територијата на општина Чучер Сандево над магистралниот пат Скопје – Блаце.

„Од мое непосредно забележување можам да кажам дека овој пожар изби непосредно до магистралниот пат кон Блаце и можна причина е фрлен отпушок од цигара од возило во движење или намерно потпалување. Затоа, апелираме до граѓаните да се однесуваат совесно и никогаш да не фрлаат отпушоци од цигари надвор од возило, дури и тогаш кога се убедени дека се изгаснати“, изјави Стојанче Ангелов, директорот на ДЗС.

Вечерва нормализиран е патниот сообраќај до граничниот премин Блаце. Укината е забраната и за товарните моторни возила и за автобусите.

Претходно сообраќајот беше пренасочен за патничките возила, а во прекин беше за товарните моторни возила. МВР воспостави посебен режим на движење на возила од граничниот премин Блаце кон Скопје.

Сообраќајот за патничките моторни возила беше  пренасочен кон село горно Блаце по стариот пат кон село Бањани, Глуво и Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons