Три лица се претставувале како полициски служеници, па едниот од нив физички нападнал возач
На 21.06.2025 во 16.30 часот во СВР Скопје, К.М.(26) од Крива Паланка пријавил дека околу 15.30 часот, додека се движел со неговото патничко возило на подрачјето на Центар, бил сопрен од три лица кои се претставиле како полициски служеници, при што едниот од нив физички го нападнал и му упатувал закани.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.