Трамп се јави : Се вратив! 

Поранешниот американски претседател Доналд Трампвчера конечно се обрати на социјалната мрежа Трут Соушл што ја отвори пред два месеци, пишувајќи: „Се вратив!”

Трамп го прекина молкот веднаш откако Илон Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари, најавувајќи поголема слобода на говор на таа социјална мрежа.

Твитер му забрани пристап на поранешниот републикански претседател минатата година, наведувајќи ги стравувањата од поттикнување насилство откако неговите поддржувачи влегоа насилно во Капитол на 6 јануари 2021 година.

Републиканците ја прославија новата сопственост на Маск надевајќи се дека лидерот на Тесла ќе го врати Трамп на таа платформа. Но, поранешниот претседател изјави дека не се враќа на Твитер.

Во објавата од четвртокот на новата апликација насловена како „вистина“, моделирана како Твитер, Трамп напиша „Се вратив!“ повикувајќи се на наводна случајна објава на Твитер во 2017 година која стана вирална.

Молкот на Трамп на социјалната мрежа Трут Соушл која ја отвори на 21 февруари, покрена прашања за одржливоста на неговата апликација.

Маск во средата напиша на „својата“ социјална мрежа дека „Трут Соушл постои затоа што Твитер го цензурирал слободниот говор“, објавувајќи подоцна дека републиканската апликација „во моментов ги победува Твитер и Тик Ток“ во онлајн продавницата на Епл.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons