Трамп оди во Париз на отворањето на Нотр Дам, негово прво патување во странство по победата
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека ќе присуствува на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз во сабота, а тоа ќе биде негово прво патување во странство по победата на изборите.
Париската катедрала Нотр Дам, ремек-дело на готската архитектура од 12 век, беше тешко оштетена во пожар пред повеќе од пет години, а овој викенд повторно ќе ги отвори вратите за верниците и туристите.
„Претседателот Емануел Макрон направи прекрасна работа за да ја врати Нотр Дам во сета своја слава, па дури и повеќе од тоа. Тоа ќе биде посебен ден за сите!“ објави Трамп на социјалната платформа Трут соушл.